Wednesday, March 16, 2016


Почитувани УСТАВНИ СУДИИ


 (им се обраќам само на оние без'рбетните, поточно аморфните, мекотелите) 


Знам дека не мислите така како што ве приморуваат да гласате, туку дека во "црниот тефтер" на Мијалков најверојатно за вас има напишано многу гнасни работи со кои ве држат за заложници. А вие поради вашите стари гревови ја држите во залог целава држава Македонија. Знајте, црниот тефтер, еден убав сончев ден, некој друг ќе го отвори низ архивите на историјата, и за вашите сторени перверзии или криминали светот ќе дознае, со гаранција. Буквално се е запишано од некој друг, "случаен минувач". Затоа, денес додека влегувате во онаа грозна, барокно остолбена зградетина која промовира диктаторска моќ, наречена УСТАВЕН СУД, и додека се пробивате низ баграта од празноглави егзекутори на Уставот, оние кутри инфериорни суштества со тап поглед и стомак полн со тазе изгнетен евтин седвич, ПОМИСЛЕТЕ ДЕКА Е ПОДОБРО ДА ГЛАСАТЕ ТАКА КАКО ШТО ДЛАБОКО ВО СЕБЕ ЗНАЕТЕ ДЕКА Е ПРАВЕДНО И ДОБРО ЗА РМ. 
Сепак сте од родот на 'рбетниците! Не сте ни црви ни полжави. 

Ваша, 

Мимоза Ристова