Saturday, June 6, 2020

Сeкоја идна власт треба да реагира на појавата на ректорска автократија


Автономијата на универзитетот не подразбира безусловно немешање и неинтервенирање на Владата кога постои пријава за очигледен обид за злоупотреба на ректорската власт. Автономија не подразбира толеранција и несанкционирање на ректор кој владее сосем нетранспарентно со помош на неколлку алчни сончогледови правници, а сите други помошници и проректори ги маргинализира. Автономијата на УКИМ не е пасош за ректорот на УКИМ да прави што сака без да биде казнет. Ректорот не ја претставува целината на УКИМ и нема право во името на акдемскиот електорат да креира погрешна слика за автономија која им противречи на основните начела на демократијата.  
Според подобните дефиниции, автономијата на еден универзитет претставува независна контрола над дневните активности и наставните програми на универзитетот. Универзитетот во кој власта или владините агенции ги контролираат или диктираат студиските програми се смета за неавтономен. Трите главни столбови на автономијата се: академската слобода, организациската и финансиската автономија.
Би сакала да потсетам дека новиот Закон за Високо Образование (ЗВО) овозможува нов изборен модел на Ректор со којшто, за прв пат во историјата на независна Македонија ќе започне да се практицира академската слобода преку директното демократско право на глас на секој од чинителите на академската заедница.  За разлика од претходно, сега веќе ректорот нема да го бираат неколцината наменски избрани сенатори на кои избраниот Ректор ќе може богато им се оддолжи штом ќе го добие мандатот. Сега работата за клиентелистички врбувања гласови ќе оди доста потешко, бидејќи практично изгледа невозможно да се врбуваат гласовите на илјадници професори и студенти. Затоа, апелирам до наставниот кадар и до студентските претставници на УКИМ да се погледнат во огледало, и во себе да го согледаат потенцијалот за академската слобода што им е загарантиран со уставот, па гласаат тогаш кога ќе дојде законското време за тоа,  и секако да гласаат според својата автономна академска проценка.  
Kонечно, сосема е легитимно и силно посакувано од академската фела институциите кои се чувари, контролори и балансери на законитоста веднаш да реагираат и да си ја завршат работата секогаш кога под маркизетното вело на автомомијата ќе ѕирне грдото лице на автократијата и болната амбиција на поединци. Овој пат, Владата на Македонија, во отсуство на функционален Законодавен дом, веднаш реагираше на барањето на Независниот Академски Синдикат (НАкС) да се произнесе во врска со законските недоречености во ЗВО кои дозволуваат да завладее нехумана автократија во сред нагорен тренд на пандемија, а во отсуство на функционален Просветен Инспекторат - боледување на неколу инспектори од Covid-19. Навистина постоеше погубна опасност за повторно да се случи наметната негативна селекција – избор на најлошиот кандидат за ректор на УКИМ во чие владеење светскиот рејтинг на УКИМ тргна во срамен надолен пад, повеќето од 70% од вработените имаат неоправедно ниски примања во споредба со некои повластени, а академскиот подмладок никако да се случи, па најдобрите и најталентираните дипломци ја напуштаа државата за да ги валоризираат своите квалитети во западниот свет.

Инаку, стариот ЗВО (којшто, патем, го дозволи рушењето на автономијата, устоличување на автократија и појава на диктатура, во себе содржеше една добра регулатива. Постоеше член според кој текуштиот ректор веќе ќе можеше да биде уредно разрешен поради низата противзакоснки активности, злоупотреби, акумулација на функции, а кои доведоа до силно нарушување на угледот на УКИМ. Ваквиот ректор никогаш не ќе можеше да биде кандидиран за уште еден мандат, туку ќе си беше, напротив, санкциониран. Затоа сметам дека треба да се размисли за вакво амендирање на новиот ЗВО, за да може да се практицира реална автономија, а не автономија која заштитува ректор од санкции за сторените противзаконски дејствија и злоупотреби.