Monday, August 28, 2017

ТАЈНОТО БРАТСТВО (дел 2)

....

Кучето Виктор


Конкретно во оваа мисија од мене се бараше целосна посветеност на работата. Имаше денови кога бев активен и по 24 часа.  Инаку, во мојот професионален живот имало мисии во кои што работите се одвиваа полежерно, но оваа, како што и самите ќе се убедите подоцна, беше како на турбо ракетен погон.  Седнав, ги искомуницирав сите камери и увидов дека сите беспрекорно до рисиверот си испраќаа непрекинат аудио-видео сигнал. Инаку, тука не можев да употребам камери кои имаат директна комуникација со сателитот на Шмугл, бидејќи оваа точка претставуваше некаква комуникациска дупка. Постоеше некое засенување или фејдинг ефект којшто никако не успевавме да го коригираме до саканите размери. На екранот ги наместив четирите слики од четирите микро-камери со Wi-Fi врска, со опремата во жолтото комбе. Со далечинските управувачи ги вклучував една по една и го наштелував засилувачот на звукот од кристалните микрофони. Вклучив по неколку дигитални филтри за редукција на шумот на секој од четирите микрофони за истакнување на говорните фреквенции. Кога бев готов, седнав да видам што се случува. Инаку, мојот шеф Џ.С. не ми имаше испратено никакви воведни зборови за мојта конкретна задача во оваа мисија. Веројатно од таа причина, мене ми се случи неколку пати да застранам, и на своја рака да преземам посебни истражни мерки кои од мене никој не ги побарал. Шефот ми испрати само поштата којашто го носеше жигот "Само за твои очи", во која пишуваше: "само снимај и испраќај ги интелите на договорената адреса додека не добиеш нови инструкции". Значи, за чудо, досега  невидено,  ЦИА од мене не бараше никаква посебна анализа, туку само техничко покривање. За во објектот Рекиште ми побараа да поставам неколку од дигиталните очи и уши за надзор на ова бизарно опкружување. Тоа значи дека мојата тајна мисија започна со вовлекување инкогнито во просториите на азилот за скитници, "Рекиште" во сред ноќ, па потоа во црна темница закачување на микро-аудио-видео уредите кои комуницираа со безжична комуникација со мал предавател, монтиран во непосредна близина, однадвор на објектот или, пак, со приемникот во жолтото комбе. Кај овие софистицирани направи, аудио-видео сигналот патуваше по фреквентно модулирана "туба".  Да истакнам дека овие совршени уреди не беа опремени ниту со литиумски батерии ниту со фотоволтаичната ќелија, туку до нив преку предавателот од жолтото комбе се испраќаше високофреквентен напон кој се вмешуваше во целата електромагнетна чорба од разни фреквенции, за нивно напојување по безжичен пат.    
              Нејсе, се загледав во камерата број три што ми беше поставена за надзор во просторија во која имаше повеќе кафези за животни. Забележав дека само во еден од кафезите имаше резидент - еден единствен пес-скитник со среден раст. Имаше златно-жолто долговлакнесто крзно што беше доста валкано и запустено. Песот често се драпаше сосем невешто со задните нозе во пределот на вратот. Повремено песот ја губеше и рамнотежата во таа неприродна положба и ќе се срушеше странично.  

"Пуштете ме да си одам дома во населба Аеродром! Го знам патот! Вакциниран сум! Погледнете, еве ми го микрочипот  под крзното зад левото уво!" слушнав како гласно говори песот на слушалките на третиот канал, веднаш штом го вклучив. Искрено, морав да го стишам звукот, зашто овој пес, практично урлаше на сиот глас. Кутрото куче, беше сериозно обеспокоено. Очигледно, вознемиреноста потекнуваше од неговиот престој во овој непожелен простор во кој веројатно го донеле под присила и спротивно на неговоата слободна воља. Како да имаше лошо претчувство за сопствената судбина и како да се тресеше од студ, а воопшто не беше студено. Нервозно се чешаше насекаде по телото, а повремено си го лижеше курето, па повторно се чешаше, и сѐ така прилично невротично. Како и да е, воопшто не ми беше јасно зошто ЦИА се интересира токму за овој симпатичен но претерано валкан пес кој не прилега на некоја конкретна раса, и кој, најверојатно е преполн со болви. Засега не успевав да си го поврзам ова кутро животно со некаков сериозен политички настан на кој медиумите би му придале некоја важност, а кој е во некаква каузална врска со евентуална претечка опасност за безбедноста на САД. 
                "Абре луѓе Божји, хомо сапиенси, хомоеректуси, хомофоби, фаунохоби!  Слушате ли?", цивкаше кучето, а одвреме навреме ќе фатеше со волчешка интонација да вие со муцката устремена кон таванот. "Ништо не разбираат овие. Како да се ретардирани! Извинете на дискриминаторсиот јазик", ќе речеше, и потиштено ќе ги сведнеше едновремено и главата и газот, ќе го подвиеше опашот меѓу задните нозе, па ќе фатеше гласно да брефта. Повремено ќе станеше и ќе земеше да се трие со целата снага од металните решетки. Кутриот пес, со доза на параноја ќе се наведнеше наземи, па со снебивање ќе сркнеше малку водичка од една 'рѓосана тацна за да ја разблажи желудечната киселина со што привидно ќе го отепа гладот.
                Наеднаш автоматскиот софтвер ми сигнализираше и тонски - со бипкање, и визуелно - со трепкањето на еден портокалов маркер, дека има активност на камерата број 2. Оваа камера ја имав вградено во плафониерката во ходникот што водеше кон внатрешните простории на азилот Рекиште. Забележав дека  влегуваат двајца во бели мантили. Потоа обајцата навлегоа во полето на камерата број 3. Дури сега се обеспокоив, па и самиот добив лошо претчувство за судбината на кучето. Жената во белиот мантил пријде кон кафезот со кучето, и благо се наведна за да го погледне меѓу нозете.      

              "Мажјак. И тоа шугав", изговори самоуверено. "Бљак! Погледни му ги крастиве по пелвисот", му покажа со долгоноктиот показалец на младиот маж во белиот мантил.
                "По пенисот рековте?", запраша младиот човек, откако и тој се наведна.
                "Реков пелвисот", одговори отсечно жената.
                "Имате право професорке. Шугав е."              

            "Уф, уф, уф, и пенисот му е зафатен. Бљак", со голема доза на згаденост изговори жената откако повторно се наведна за да го погледне кроткото куче помеѓу нозете, додека тоа повторно си се ангажираше со лижењето на сопственото куре.
                "Да! Гледам тука огромни красти. Цели јуфки од епител има на пенисот". Младиот ветеринар повторно го изговори текстот низ нагон за повраќање и поткашлување од згаденост.
                "Не е регистриран, нема микрочип, нели?", запраша докторката.
             Тогаш младиот ветеринар го зема мобилниот уред за читање податоци од микрочипови, чкрапна по копчето за активирање на читачот и увиде дека батериите му се докрајчени. Истиот момент ја зумирав камерата број три за појасно да го видам дисплејот од инструментот за читање на микрочипови кои се вградени поткожно. Резолуцијата беше доволно голема, така што сосем јасно на екранот се читаше дека батеријата мора да се замени. Не сакајќи да признае пред својата претпоставена дека од пуста немарност, но и неодговорност нема набавено резервни батериии, тој одглуми дека отчитува на екранчето, и дека уредот не детектира никаков микрочип.                                       "Нема микрочип", излажа младиот ветеринар. "Сигурно нема", уште еднаш потврди, за да биде поуверлив во лажниот исказ.
                Заборавив да ви напомнам за едно од најновите научно-технички изуми на зоо-психолошкото и на дигиталното одделение на ЦИА. Коњункцијата на научните експерти од овие две области  резултираше во алатка којшто може да врши директен превод на звуците што ги испуштаа кучињата "нивниот вокален говор" и од нивниот телесен јазик.   Така, со помош на оваа дигитална апликација, врз видеото од кучево во кафезот, на пример, јас добивав говорно облаче со текстот што всушност ја одразува моменталната мислата на кучето. Истражувањата на голем број примероци покажаа дека текстот беше одраз на мислите и говорот на кучето 
со доверба од 95%. Инаку, јас бев пионерот во иницирањето и развитокот на оваа софтверска алатка. 
                "Мизерници! Нашле куче да омаловажуваат! Јас сум бил шугав?! И пенисот ми бил шугав! Сум немал микрочип", им заврте грб кучето на двајцата во белите манили, со тоа кажувајќи им дека нит сака да ги слуша, ниту да ги гледа.  "А овој не ли се видел во огледало колкав нос има? Како на клун од гавран му е свиткан надолу. Што се замислува тој!", се испиша во говорното облаче, говорот од кучето на мониторот од камерата број три.
                Секако дека тука ќе се запрашате како е можно кучето да го разбира човечкиот говор од македонски јазик, и како, всушност, му успева да осознае дека тие не успеале му го најдат микрочипот. Е, тоа сознание за кучешката дарба и опременост со универзални сензори за детектирање на човечка мисла, умисла и намера, сѐ уште не беше научно расветлено до темел. Се сметаше дека механизмот на разбирањето на секој хуман јазик од страна на овие совршени суштества беше најверојатно поврзан, не само со разбирање на јазикот на телото, туку и со молекуларни рецептори во носот на кучето. Најверојатно кучињата преку сложените јонски патишта и невронски мрежи ги анализираа хемикалиите во човековите излачувања и така ги толкуваа нивните мисли. Имено ензимите, хормоните и феромоните што ги ослободуваа човечките битја во етерот говореа повеќе од зборовите, а кучињата беа обдарени со таа совршена "опрема" за декодирање. Некои научни публикации потврдуваа дека кучињата имаа двојно па и повеќе рецептори за мисрис отколку луѓето. Некои тврдеа дека сензитивноста им е супериорна и се мери со фактор од десет, па и повеќе. Сепак, кучешките рецептори за мирис како да беа наштимани да прибираат информации од емотивниот статус на луѓето, па така се создаваа перцепции еквивалентни на читање или разбирање на човечкиот говор.
                Но, сега дозволете ми да си продолжам со моите моментални технолошки аудио-визуелни обсервации на затворениот пес во Рекиште. По краткотрајното бесцелно шуткање низ просторијата со кафезот,  ветеринарите фатија нешто, секој за себе, да пишуваат во своите ветеринарски дневници. Најверојатно ги заведуваа анамнезите од извршените прегледи. Еден миг кучето  се заврте кон камерата, небаре знаеше дека се снима, та веднаш почна да ја раскажува својата животна приказна. Па како беше возможно кучево да знае дека имам ставено камера и дека таа го снима токму него?        

        "Не, не може да знае. Можеби со своите изострени рецептори само ја чувствуваше фреквенцијата на носечкиот сигнал на Wi-Fi-то!", си изговорив полугласно додека се варев во спарината во комбето и веднаш се уплашив да не беше тоа прегласно, и да не го привлечам вниманието на некој случаен минувач. Се уверив дека никого немаше во околината, откако погледнав во малиот монитор за надзор на самото жолто комбе.
                Кучето го продолжи монологот низ цивкање и снебивање низ кафезот. Јас внимателно го читав преводот на неговиот "говор" на англиски јазик. Патем, замислете, науката неодамна дојде до сознание дека кучињата од сите земји од светот се користат со истиот јазик и дека меѓусебно комуницираат без да имаат потреба од превод.  
                "Судбината си поигра со мене. А  до пред еден месец си живеев во двоиполсобен стан со тераса и со парно греење. И гаража имавме веднаш под зградата. Си спиев на кожен тросед во  дневната, наспроти плазма телевизор од 42 инчи. Секое утро си јадев бурек со месо а навечер сува кучешка храна. И плус тоа, бев редовно вакциниран. Но, ете, откако ни се случи оваа трагедија, јас почнав да јадам од контејнер. Успевам само да душнам од мирисот на месото од месарницата. Вчера лигите ми течеа од муцката како од расипана чешма, додека стоев таму.  Гладен сум како волк! Абе дајте, фрлете нешто веќе! Ама како не успеаа да ми го најдат микрочипот за идентификација, не ми е јасно? Искрено се надевам дека нема да ми прават проблем за тоа што немам педигре. Јас сум си обична домашна џукела од мајка Леси. Татко ми, кажуваат, бил лабрадор. Ама кој знае дали е тоа баш така. А башка, овие раниве не се од никаква шуга. Овие се од драпање, од валканиве ноктишта. Од болвите и од запиените крлежи се драпам нон-стоп", искажа кучето низ воздишки и бревтања, и започна повторно енергично да се драпа, да се корне.
                "А не ми е јасно на кој универзитет ви ги дале тие пусти дипломи? Од Африканскиот Универзитет?! Ветеринари-дунстери! Гррррр!" сега веќе наново се вознемири и овој пат очајнички се разжести во интензитетот на тонот. Им се заврте на докторите и гласно  за’ржа со вибрирање на мекото непце над очниците.
                "Отвори му веднаш на ова куче ново досие, те молам", му се обрати ветеринарката на младиот колега, додека нешто си запишуваше на лаптопот.
                Младиот ветеринар веднаш отвори на текст-процесорот нов бланко формулар и започна да го пополнува, и тоа на цел глас, за да и даде на знаење на неговата претпоставена дека агилно си ја исполнува задачата.        

        "Опис и дијагноза - шугавост!", трескаше на тастатурата младиот ветеринар и чат-пат ќе погледнеше кон ветеринарката, која му беше завртена со грбот. На белиот мантил и паѓаа свежо завиените кадрици во форма на надолжни спирали од сламесто жолто обоената коса. Напред на челото имаше многу прецизно, како божем со линиер отсечени, прави сламести кркми.
                Одненадеж, сигналот од звукот во слушалките нагло ми се намали, а сликите на мониторот драстично се влошија до ниво на непрепознатливост на ликовите на протагонистите. Автоматскиот засилувач за оддржување на нивото се обидуваше да ги подобри, но ништо освен зголемен шум а ослабен сигнал. Ги симнав слушалките од главата и слушнав дека надвор се случува почеток на здивена летна олуја. Почнаа да капат крупни капки од летен дожд, кои сѐ посилно и позачестено трескаа по кровот од комбето. Веднаш  ми текна дека временската прогноза си кажа дека ќе има дожд, но јас таа информација како да ја имав пренебрегнато. Според протоколите за работата со надзорот во ЦИА, доколку не успеваше автоматската предзасилувачка и засиливачка електроника по демодулацијата да го подобри сигналот, тогаш агентот мораше да прибегне кон аналогно подобрување на сигналот, и тоа на наједноставниот начин што постои. Го запалив комбето и полека тргнав да му се приближувам на изворот на сигналот, сепак останувајќи незабележан од таргетот, т.е. од прислушуваните луѓе. Инаку,  жолтото комбе беше намерно направено да изгледа како обична безвредна к'рнтија на нафта. Одзади беше опремено и со еден лажен кородиран ауспух. Шасијата беше земена од најстарите комбиња на Фолксваген. Го офарбавме со жолта масна боја со обична четка, и тоа без претходно стругање и китирање на претходните руинирани слоеви. Но, верувајте, изгледот мамеше. Никој не би рекол дека тоа комбе беше собрана електрониката на 22-иот век. Беше целосно на електричен погон. А напојувањето му беше од најновата генерација од литиумски батерии со вкупен капацитет од околу илјада ампер-часови. Беше специјално опремено со севозможни сензори, компјутери и специјални комуникациски уреди со аудио-визуелни технологии. Софтверските алатки беа специјално изработени во дигиталното одделение на ЦИА. Одбраната на системите и датотеките, т.е. Фаерволот беше навидум совршен.  Со тоа комбе можев секогаш да си дозволам нечујно и невидливо да му се доближам на субјектот. Значи, доколку влажноста во воздухот се наголемуваше или сателитотската електроника не успеваше да го улови сигналот, тогаш јас го преземав со помош на мобилната антена и софостицираната применичка електроника. Го запалив нечујниот мотор и возев без запалени фарови, но со вклучена инфрацрвена камера.  Извозев без да направам каква и да било колизија со надворешните објекти. Во тоа ми помагаа и сензорите за оддалеченост што ги имав осум на број. Значи, законите на физиката кажуваат дека примениот сигнал е далеку посилен доколку изворот на сигналот е поблизу го приемникот. На новата позиција на жолтото комбе јас ги добив и сликата и тонот значително подобрени. Забележав дека не сум пропуштил многу, и дека ветеринарите сѐ уште се шуткаа наоколу,  правејќи слободни проценки на дијагнозите на кучето.
                "Запиши, среден раст мажјак од околу 12-15 килограми. Најпрво дај му ја потребната доза седативи - две дијазепамчиња од по 5 милиграми. Кај графата за  терапија запиши - анестезија. А, кај графата -доза, запиши - 15 милилитри. Што е сигурно, сигурно е! ", диктираше ветеринарката.
                "Всушност, мислам дека многу му се на овој 15 милилитри. Да му дадеме само 10 милилитри медетомидин хидрохлорид, и само 10 милиграми бензодијазепин. Мислам дека е сосем доволно за овој. Видете го, коска и кожа е. Ако е висок!", типкаше по тастатурата младиот ветеринар.
                "Добро! Чим е толку слабичок, дај му само 10 милилитри анестезија. И онака треба да штедиме за да има и за другите", се коригираше ветеринарката, и со очите уште еднаш бегло го прегледа кучето. "Гревота е да живее со волку болештини. Подобро е да умре отколку да живее со таквата  шугавост и да се измачува со тие отворени рани по пелвисот", продолжи таа. "Ако ние не го заспиеме сега, до зимава ќе го снајде долга, тешка и болна смрт. Ќе фати севозможни кожни инфекции и на крајот ќе финишира со сепса", не престануваше ветеринарката да бара оправдување за предложената 'терапија'. Додека диктираше, таа  продолжително шпарташе низ собата со мачкасто одење на високите потпетици од црвен лак, нога пред нога.
                "Така е, многу е болен. Смртта е спас за ова кутро животно" потврди младиот и стана од компјутерот за да покаже дека ја земал анамнезата и ја препишал терапијата за наводно, неизлечиво болното животно. Тогаш младиот ветеринар стана и се упати кон витринчето со лекарствата за да го обезбеди седативот.
                Кучето веќе беше вон себе си. Дури сега разбра дека неговото претчуство и способноста за толкување на човечкиот јазик не го излажа, како што досега никогаш го немаше измамено.        

        "Ох! Mе стрефи инфаркт! Ќе си умрам пред да ме егзекутираат!", се забрефта кучето во паничен страв и започна да кружи низ кафезот со невротични манири какви што покажуваат  прегладнетите кучиња. Тогаш, поради изливите на тешката фрустрација кучето започна дури и да 'ржи и да се џитка по оградата, небаре ќе успееше да ги искрши железните шипки и ќе си заминеше оттука. Откако не успеа да се пробие, тоа се опита да ги изгриза железните решетки. Едноставно, кучето имаше здивено од стравот за сопствената кожа и од потребата за бегство.
                Откако се премори во бесот, малку се потсмири, си легна со положување на главата меѓу предните шепи. Ги свена ушите надолу, и со кучешката тага во очите очајнички проговори:     

                  "Кој ви даде дипломи? И тоа магистерски!?    
           "Седирај го веднаш, оти почна нешто многу да ми аздисува!" отсече ветеринарката без трошка милост.
             "Еве, иде дијазепамчето со една саламка. Аааа-м! Добро куче! Умно!" рече ветеринарот со топол и милозлив глас, притоа страшливо внесувајќи го низ решетките од кафезот парчето салама во која има завиено две таблетки од по пет милиграми дијазепам. Кучето алчно ја излапа, и речиси за наносекунда ја проголта содржината. Младиот ветеринар направи згадена фаца, оти кучето при лапнувањето на саламката малце му ги излигави прстите.
             "Њам, њам! Убавко саламчево! Дај ми уште??", со милозвучна кучешка простодушност си мљацкаше кучето низ решетките, давајќи им очигледни знаци дека сака да јаде уште. Долго, чинам бесконечно долго кучето зинуваше, мљацкаше и се подигаше на решетките од кафезот кон ветеринарот за да му покаже дека сака уште. За жал, попуст беше сиот негов напор.
            "Дајте барем уште две-три парченца, скржавци едни?" зацвиле милно кучето во таговно вибрато и ја накриви главата во седечка позиција, само колку да им покаже дека е умен и да им се умили. "Од завчера не сум јаден. Завчера кај контејнерот до месарницата најдов една сува соголена коска. Таман малку лизнав, кога, за час ми дојде и ми се испрчи мускулестиот Гурко со своите озабени пајташи. Ми за’ржаа на уво и јас веднаш му ја спраштив. Ми го конфискуваа оброкот, и тоа бесправно. Рекоа дека рекетот во коски морало да се плаќа редовно." Додека ова го раскажуваше, кучето одеше назаечки, за да демонстрира што му се случило при инцидентот со насилниците на Гурко.
                "Хомо еректуси, гладен сум и немам никаква шуга, ме слушате ли!!?? Ќе се оправам!! Џабе ќе ме успивате!". Легна во очај и горко заплака, додека ветеринарите во заднината се занимаваа со административни работи и некакви документи па не забележуваа дека некој ги моли за сопствениот живот.
              Ветеринарот се загледа во кафезот со кучето, кое во дадениов момент се беше соземало од плачот и се беше фрлило во тежок очај. Тоа беше очајот на прифаќањето на судбината. Или пак,  дијазепамот почна бргу да му делува, па кучето постепено запаѓаше во седирана состојба.       

         "Еве го, задремува. Седативчето почна да му делува. Хе, хе, хе! Нанкај си кученце жолто. Нанкај си!", му запеа мелодично младиот ветеринар.
         Додека вознемирен гледав како кучето заспива, знаејќи дека следниот дел од терапијата е оној најстрашниот, забележав дека ветеринарите ги слекуваа белите мантили, тврдејќи дека е многу топло и спарно. Ми се причини дека јазикот на телото ветеринарката даваше сигнали дека му го има фрлено меракот на помладиот колега. Имено, додека правеа некаква тивка и беспредметна конверзација, таа интезнивно трепкаше со трепките премачкани со дебел слој од маскара и нападно кикотеше. Додека му објаснуваше со рацете таа постојано го допираше кај надлактицата и божем случајно му доаѓаше на непристојно мала близина.         

             Пустоно куче веќе беше легнало со сите четири на едната страна а очите му беа напола отворени и замаглени. Тоа повторно се подзаврте кон камерата, како навистина да знаеше дека се снима, та плачливо почна да реди. Го зумирав за да го имам во гро-план. Кутрото тоа, како токму мене да ми се обраќаше како до претставник на меѓународната заедница.                
          "Имам ли јас право на жалба до некаква второстепена комисија? Имам ли право на второ ветеринарно мислење за оваа наводна шугавост? Има ли апелација за фауна? Или некој меѓународен суд за кучешките права и фундаментални слободи? Хелсиншки, Амнести, јавете се! Некој нека крене слушалка и нека им се јави на овие! Има ли црвен телефон тој таканаречен Претседател на државата за да прекине извршување на смртна казна пред извршување!" говореше сѐ побавно и помалку разбирливо.
            Се испаничив. Испратив до централата еден интел од цел гигабајт зипуван видео и аудио материјал преку модемот, кодиран со помош безбедни алгоритми, и тоа директно до мојот шеф во Вирџинија. Ми потврди прием на фајлот, па ми го потврди идентитет со отпечатоци од три прсти и слика од ирисот на окото. Откако се уверив во идентитетот на примачот, веднаш му го испратив клучот за декодирање. Можам да кажам, тој момент бев избезумен. Можеби требаше итно да се делува. Можеби требаше да се повика друг оперативец. Или конечно, некој од специјалните Марински единици за брза интервенција на копно. Нити смеев ниту можев јас самиот голорак да упаднам во оваа каша и да ја попречам една субверзивна активност и да оставам живи сведоци. Можеби требаше итно да се неутрализираат сторителите. Но јас, како специјален агент немав, практично, ингеренции за ништо освен поставувањето на вештачките очи од небото и вештачките уши во ѕидовите и испраќање на снимките! Ужас!  Пред моите очи можеше да се случи тешка трагедија, да го успијат ова симпатично недолжно куче. Станував, седнував, па се штурев и се пустев, па се вртев како вртелешка во тесниот простор на жолтото комбе. Застанав и повторно се загледав во долната лева четвртина од мониторот што доаѓаше од камерата број три.                       "Готово е ова чудово. Веќе дреме", заклучи младиот ветеринар, откако фрли еден брз скенирачки поглед кон кафезот во којшто кучето веќе заспиваше и веќе по малку и хрчеше.
          "Еве вака, млад колега! Само да ве потсетам на процедурата. Записникот за егзекутираното куче  се става во оваа преграда", изговори ветеринарката со горечки шарм каков што вирее во главата на една самоумислена фам-фатал.  Таа притоа нежно го устреми показалецот со долгиот нокт премачкан со зелен лак во правец на полицата со списите.
          "Разбрав, разбрав. Документот оди во преградата на која пишува “Министер Коста”, одговорно возврати момчето во белиот мантил. "Верувам дека се работи за Министерот за фауна на Р.М?", се заинтересира младичот.
            "Да таму. Внимавајте ниту еден записник да не се изгуби, зашто Коста, како раководител на проектот Ав-ав, строго исплаќа по егзекуција. А егзекуцијата се документира со записник и со фотографии. Значи, колку повеќе вакви шугави чудовишта заспиени во најдлабок сон, толку повеќе пари на нашата сметка". Додека ова го говореше, ветеринарката се движеше низ ординацијата како некоја маникенка на модна писта. На крајот на својата патека таа застана на непристојно мала близина во моментот кога младичот стануваше од столчето. Тогаш погледите им се сретнаа и останаа така неколку секунди.          

                "Супер! А кога, рековте дека Министерот за фауна ќе ни ги префрли хонорарите на трансакциска сметка?", проговори младиот ветеринар со радосен глас заради престојната трансакција, притоа соборувајќи го погледот од непријатност.
              "Значи запамети! Мораме да спремиме уредна докумнтација со две фотографии. Едната пред, а другата по егзекуцијата на песот. Потребен е доказ дека кучето постоело, дека било неизлечиво болно и дека било уредно заспиено со летална доза од анастезијата. Конташ?", изговори ветеринарката со кокетна строгост во гласот.
                "И уште нешто. Кога си тука на мој терен, заборави дека си му прв братучед на бодигардот на Премиерот. Запамти само едно, работиме на проект финансиран од американците. Работата е многу деликатна зашто самата амбасадорка е надзорен орган. Еве, да те потсетам само дека проектот предвидува три работи што треба ние да ги правиме во овој азил. Прво да ги стерилизираме здравите кучиња-скитници и да ги враќаме во нивниот хабитат на улиците. Второ, треба да ги лекуваме болните што имаат излечиви болести, а потоа да ги стерилизираме. И конечно, трето и за нас финансиски и временски најисплатливо, оние кучиња што се болни од неизлечиви болести, како овој жолтиов што го донесоа вчера, треба да ги успиеме. За нас најелегантниот начин е успивањето, иако додуше, стерилизацијата, исто така, добро се плаќа. Но, кој ќе ти се валка со кучешка крв за бадијала, кога може и вака, елегантно да се спечали. Запомни малечок, ако амбасадорката не е задоволна од напредокот на проектот, тогаш таа на Министерот за фауна може моментално да му го сторнира приливот на средствата. Што е најстрашно од сѐ, според договорот што Министерот Коста го потпишал, таа може да побара целосно рефундирање на донацијата".         

       Според моите видувања, како од искусен обавештаец кој постепено се стекна и со вештини на психолошки профилирач,  ветеринарката ги изговараше сите зборови како да нема трошка грижа на совест, без жалење ниту пак свесност за одговорноста заради стравотниот начин на одземање кучешки животи, и тоа без никаква причина. Таа беше екстремно негативна личност којашто јас ја сместувам на најниското степениште на човечкиот морал. Таа беше ладнокрвен убиец со умисла. Нејсе, нејзината нападна кокетност од момент во момент растеше како што растеше помрачината и очајот во очите на заробеното куче.       
         И повторно, кучето како да се подосвести малку, па од позиција на полуумртвеност, се помачи да стане. Тегобно се исправи на четирите, па се придвижи со забавено движење како на слоумоушн. Многу ме изненади тоа што во седирана состојба одненадеж му успеа да се исправи на две нозе и со последната клетка на свест којашто се заштитила да остане неопијанета во неговиот мозок, да им се обрати на ветеринарите:
                "Вакциниран сум, ви велам! А имам и микрочип под крзното на вратот. Само пари и секс ви се во тие неморални глави што ги носите на рамената".
                За жал, ветеринарите не го ни забележаа овој попуст обид на кучето. А тоа, пак, откако увиде дека никој не го есапи за живо, кучето се струполи како кралот губитник  на шаховска табла после шах-мат, па веднаш заспа со хрчење. Јазикот овој пат му се спружи настрана, и тоа скоро доземи.       

         Не сфатив кога попрво ветеринарот и ветеринарката излегоа низ вратата, бакнувајќи се попатно во лет, патем оставајќи го кучето само во видното поле на камерата број три. Додека се движеа низ ходникот, овие ненадејни страствени љубовници ги улови камерата два. Видов како се лигават и веќе се раскопчуваат за да се ослободат од облеките. Потоа влегоа во просторијата во каја ми беше прописно поставена четворката. Обајцата, како божем залепени со супер-лепак, се бувнаа во една волуминозна фотеља. Четворката јасно ги снимаше под агол под кој точно можеше да се види какви интимни контакти се случуваат помеѓу нив. Веќе беа полуголи. Понатамошното соблекување го раководеше  ветеринарката, како сопственото, така и неговото. Си помислив дека би бил добар мајстор камерман за порно индустријата и дека би имал заработено милиони долари. А всушност бев само маестро за неовластен видео-надзор. Еднаш ЦИА ме имаше наградено со медал заради квалитетот на набљудувањата што ги овозможив од кабинетот на  министерот за одбрана на Пакистан и за информациите што произлегоа од една секс партија во тој простор. За потребите на тој проект, од страв да не ме фатат и да не ми летне главата, морав со невидена брзина да поставам само една единствена камера со која истовремено јасно се гледаа и мониторот на лаптопот и тастатурата и каучот во кабинетот на министерот. Покрај пасвордите во тајната мрежа на пакистанското воено разузнавање ние можевме да ги видиме и сексуалните перверзии што се случува на диванот. Колку генерали излегоа од тој кабинет разгаќени, и какви сѐ тајни изговорија притоа, не смеам да ви оддавам. Нејсе, јас со помош на својата професија се имам изнагледано еден тон порничи во директен пренос кои ги нема никаде да се гледаат комерцијално. Исто како на пип-шоу, буквално само еднаш и само за моите очи. Цела среќа е што мене не ме пали гледањето на тугиот секс и слушање на нечии воздишки. Јас единствено уживав и сѐ уште уживам само во сопствените сексуални искуства. Доколку не бев таков, кај ќе ми беше крајот во оваа сензитивна служба во која имам чести обсервации на туѓата срамна интима.          
            "Имаме половина час! Нека заспие поцврсто, па ќе го средиме на раат", изговори задишаната ветеринарка.
               Само накратко го кренав шишето за да се напијам вода, и кога го спуштив, наредниот момент ја најдов госпожата ветеринарка веќе вплеткана во интензивни блиски контакти со младиот ветеринар. Јас и натаму останав рамнодушен на овој развратен призор. Додека овие двајцава се гмечеа со младечка жестина, забележав дека на делот од мониторот на камерата три, т.е. портокаловиот индикатор ми означи движење или активност. Кучето тој час по трет пат се расвести, но овој пат само накратко.                       

            "Проклети да сте, инквизитори гнасни! Платеници на убиства на кучиња! Исти сте како Дебармаалскиот убиец, оној којшто со секира пред голем број очевидци го обезглави кучето Идриз, и тоа на спиење. Никаква разлика нема помеѓу вас и тој безмилосен егзекутор, Рипски".  Штом ги изговори овие зборови, кучето западна во седација, и како во летаргичен полусон продолжи нешто да си блада за себе. Камерата три веќе не покажуваше, практично, никаква активност. Портокаловиот трепкач на таа четвртина од мониторот се угасна, што значеше дека подолго од 10 секунди немало никакво движење на објектите во видното поле на кучето.  
    Се навратив на делот од мониторот со сликата од камерата број четири, за која индексот за активност интензивно трепкаше, што сугерираше на брзи промени на положбата на субјектите што се под надзор. И навистина, субјектите дивееја.  Во меѓувреме од фотељата се беа преселиле на едно работно биро од кое паѓаа хартии, предмети и разни канцелариски материјали. Потоа, за неколку секунди љубовниците за час ја беа смениле позата во момените додека ѕирнував кон видеосигналот од  кај кучето. Трошка се помамив, па го вклучив и звукот од микрофонот број четири, зашто индикаторот на звук ми покажуваше дека во сигналот има говор. Така започав и да си го слушам порничот. Да бидам искрен, сладостраста од глетката ме огладне, па си земав и едно кесенце чипс со вкус на оцет. Си отворив една ладна Кока-кола за да се разладам од спарината што го освои просторот во жолтото комбе после силниот дожд. По некое време се соблеков по гаќи. Замислете, од преголема посветеност на надзорот на субјектот имав заборавено да го вклучам бесшумниот разладен уред на Пиезо-кристал и една перка што ротира со рандом-варијабилна фреквенција од еден до десет херци, кој можеше барем делумно да ми го разлади просторот околу главата и да ја кондензира влагата после дождот. Го вклучив, но сепак не беше доволно моќен за да ме олади. Значи,  сѐ уште умирав од жештина. Додуше, ова не беше ништо во споредба со горештината што ја изедов на една мисија на ЦИА во Авганистан, кога поминав повеќе од 24 часа во нашето специјално возило кое не смееше да произведува никаков звук. Тогаш, со помош на микрофонот опремен со просторен усмерувач на звучни сигнали ги ловев вибрациите на стаклата предизвикани од човечки говор од непосредна близина на Руската амбасада. Пакетите со звучните записи и другите податоци од тој надзор оттаму директно се испраќаа до нашата амбасада во Пакистан во кодирани импулси преку сателитска врска, но за ова немам слобода да ви дадам никакви детали. Овие класифицирани документи сѐ уште ја носат ознака на специјална тајност.   За наша среќа, Анонимуси сѐ уште ги немаат декриптирано, иако имале направено многукратни обиди да ја разоткријат и да ја експонираат оваа наша последна комуникациска технологија на која вредно работев пред да заминам на оваа мисија.  
......... продолжува....-------------------------------------------------------------------------

ЗАБЕЛЕШКА: Сите настани и личности во овој роман се фиктивни.                
Доколку постојат  некакви сличности со некој реален настан или постоечки лик, верувајте ми на зборот, тие се комплетно случајни. Веројатно сум била само несвесно инспирирана од нечие битисување.Од Авторот


Saturday, August 12, 2017

ЛОВ НА МЕТЕОРСКИОТ ДОЖДЕЦ ВО 4 СЛИКИ

На 12.08.2017 во 23 часот се очекуваше на небото над Македонија да се види јасно метероскиот дожд од Персеидите. Нашата љубопитност немаше граници. Овој редок астрономски феномен ми создаваше радост и милозливост во душата. Инаку, јас не љубам да гледам огномети што ги приредуваат богаташите за роденденски забави, но со восхит ги гледам светлините од Вселената што доаѓаат од различни еони на нејзината долга историја.
СЛИКА ЕДЕН
Со двете мои малолетни деца (12,12) отидовме на Мечкин Камен за да се изолираме од светлините на цивилизацијата. Стигнавме таму нешто пред 22 часот. Навидум бевме сосем сами. Со една LED светилка скенирав околу нас за да бидеме безбедни, и на кусо време погледнував во небото за да видам како "паѓаат ѕвезди", но не видовме ниту една. Но затоа, уште во првите 2 минути од нашиот престој, од местото каде што дење седи публиката за да гледа полетување на параглајдеристите, ми се врати одблесок на интензивна светлина што потсеќа на две очи. Поминав со ламбата назад и повторно ги видов двете очи како фарови, овој пат како блештат од поблизу. Вреснав "Волк! Влегувај во кола". И во паничен страв се засолнивме во колата. Се заклучавме и ги кренавме прозорите, Едвам се соземавме од стравот заради сознанието дека ова животно дрско не демнеше, ни се приближуваше и секако немаше добри намери со нас.
СЛИКА ДВА
Со автомобилот тргнавме кон самоит Мечкин Камен за да направиме круг и да си бегаме назад кон Гумиње. Попатно осветлувавме со светлото за да видиме каде отидоа двете алчни и сртвни очишта, небаре излезени од некој хорор филм за вампири и врколалци. Тогаш светлото од LED-ламбата убаво ни го покажа волкот на растојание од 20-тина метри како со спокојни чекори си заминува, додека ние се тресеме минувајќи по патот крај коријата. Беше тоа крупен и силен волк, со високи нозе и раскошна опашка. Неговите движења ни кажуваа дека тој е царот на ова мрачно царство и дека оваа територија ноќе му припаѓа само нему.
СЛИКА ТРИ
Кога повторно поминавме на истото место каде што наместо очекуваните метеори за првпат ни молснаа волчешките гладни очи, наново осветливме странично кон шумата. Овој пат, види чудо, крупниот волк веќе го немаше, но на другиот крај од дрвеното амфитеатарче имаше една мала златна и ушлеста лисица со куси ноџиња, наострени ушиња и раскошна опашка. Кога не виде, таа во паничен страв пребегна во длабочините на коријата.
СЛИКА ЧЕТИРИ
Додека минувавме крај Хотел Монтана, им се јавивме кај нашите пријатели Билјана и Зоран за да им поднесеме извештај за нашите набљудувања на "метеорскиот дожд". Тие не поканија кај нив во куќа. Светлинското загадување од Крушево беше силно, па бројот на видливите небески тела беше значително помал отколку на Мечки Камен. Но сепак, за околу половина час видовме 4-5 метеори, т.е. опашлести ѕвезди што паѓаат и се гасат за миг. Единствено што ми е криво, заборав тој миг да си замислам желба што ќе ја испратам до мистичната Вселена за да ми ја услиша.
Овие метерори се всушност делчињата од кометата Свифт-Тутл (Comet Swift-Tuttle) кои согоруваат додека се пресретнуваат со Земјата и нејзините сфери. Ваквите вселенски созданија живеат како еден импулс, чинам како Диракова функција во времето: ги нема, ги има со огромен интензитет и сјај, па веднаш потоа ги снемува за навек. Празник за очи и пригодна метафора за минливоста на животот.

Напомена: Сите слики се преземени од интернет. Ги одбрав за најмногу да прилегаат на сликите со кои навистина се сретнавме при ловот на метеорскиот дожд. 

Monday, May 29, 2017

Како да има екстерно а да не боли?

Мимоза Ристова

Брза законска одредба за отфрлање на екстерното тестирање на учениците во РМ во моментов изгледа како невозможна мисија.  Без оглед на нашата свесност за штетните последици и психозата од казните што ги посеа несреќниот концепт кај децата, нивните семејства и кај наставниците, тешко е да се каже дека екстерното нема да се спроведе.

Повеќето од нас јасно ја видоа сликата дека знаењето што го добиваат учениците низ нашиот метастазиран систем е далеку од неопходното во споредба со она со кое се здобива просечното европско дете. Видовме и дека инструментот на казнување на наставниците што оценуваат различно од “државата” донесе само јад и чемер во наставничките кругови.

Сепак, не треба да се пренебрегне фактот дека доколку стручно се спроведе, екстерното тестирање може да ни послужи како прецизен мерен инструмент за два важни параметри. Од една страна, екстерното е постапка за контролата на квалитетот на системот кој го реформира владејачката структура, а од друга страна, пак, тоа може да го ублажи уделот на субјективноста (преголемата строгост или попусливост) на наставникот.

Поради тоа, екстерното не треба да се исфрли како концепт, но сепак треба стручната јавниост низ широка дебата да дојде до таквите научни заклучоци кои ќе доведат до негово реформирање. Во моментов, така како што е поставено, тоа е извор на масовна социјална патологија. Тоа никако не дава слика за генеричките и трајните знаење со кои треба да се стекнат учениците во соодветните одделенија/класови, туку е мерка за тоа колку родителите се изнамачиле да ги присилат децата да учат сувопарни и беспотребни податоци за кои просечниот интелектуалец нема поим?! Тоа е и мерка и за тоа, колку добростоечките родители инвестирале во приватни учители за да го впрегнат своето дете да ги “набуба” бараните детали, кои никому не му служат.

Децата треба да го полагаат екстерното
Сметам за потребно тестирањето овој пат да се спроведе без да се олицетворат неговите штетни нуспојави. Потребни се само инстантни мали законски измени според кои  оценките од екстерното нема бидат внесени во свидителствата. Треба да ги оставиме децата релаксирано и без никаков дополнителен напор, без трауми и стрес, да го направат тестирањето, со цел да го измериме само уделот на минатата власт во успехот на реформираното образование. Мислам дека треба злосторниците од ДПМНЕ да ги “мавнеме” со нивниот стап и да покажеме дека тие со своите мизерни популистичко-крадежливи и насилни образовни политики не доведоа до системска деградација и до дното на скалата на европското образование.


Сметам дека дури потоа треба да следуваат широките дебати и научните анализи кои треба да доведат до позитивни законските измени низ регуларна постапка. Сметам дека по нив екстерното тестирање ќе се прогласи за дилетантска маша на диктатурата и ќе се врати назад во форма на пилот-проект низ кој ќе се изгради вистинскиот применлив модел во интерес на напредокот и растот на писменоста на овој народ.  

Wednesday, January 18, 2017

До гледање Саша (Збогување со мојот пријател од младоста, Саша Николовски-Ѓумар)


Колосален тип, необично "голем" џин. Тотален Алфа. Глас, длабок баритон што извира од длабочините на пределот каде што е сместена душата. Боем во вистинска смисла на зборот. Ерудит од секоја област на уметноста. Дар или отров, се прашувам? Суштетсво со вродена музика што вирее во секоја клетка од организмот. Гигант. Толку беше голем,  бре, што не знам како успејаа да те сместат во тој мал гроб!


На убавото лице му беа инкрустрирани два сини дијаманти во бадемови лушпи. Ги носеше на себе најубавите но и најледените очи што една мајка македонка може да ги роди на овој век. Како цели сибирски мразови да се беа вселиле во таа самотна и поларно студена  длабочина. Болка ли беше или радост жизни, остана за нас непознаница. Не ми е јасно како е возможно тие очи преполни со нуклеарна смеса од парадокси, мрак и ѕвездена светлина, пролетен сон и зимска помрачина, самољубие и самоомраза, така лесно да прегорат, да се истрошат, да згаснат.

 Ти Саша успеа маестално да одлеташ во Вселената на вечната музика, та за еден миг да се претвориш во минато, во  акварел од блед спомен, во замаглен сон. Те снема како да си магијоничар, експерт за дематеријализација, квантен физичар од холивудски научнофантастичен филм. Маестрално! Браво Маесто! Како и секој друг суперсензитивен хиперредок Мајстор на Маргарита. Долг аплауз за тоа што успеа за 20 секунди да преминеш на другата страна, на страната на која нема товар ни болка, ни тело ни клавир ни пулт.  

Арно ама, ти Саша немаше усул при играње на таа фатална ролја во последната твоја претстава. Ти без трошка срам и перде ни покажа дека можеш со таква леснотија да оставиш толкава дупка, толку длабок јаз кај цел куп живи битја. Пргав беше отсекогаш, и експресно поита кон целта кон која сите целиме. Ама ти Саша зад себе остави  толку недоработени работи, толку кошули недоткаени на разбој, толку натажени и траурни блиски, мориња солзи што ќе се плачат непресушно. Ти Саша остави деца недочувани, студенти недоучени, опери недодиригирани, композитори недоречени, пријатели зачудени и осакатени за дел од тебе што ќе им недостига до крајот.  

   
И на крај, срам те било што ојде јабана, што не си го сочува здравјето и животот на којшто не беше само ти ексклузивен сопственик! Неваспитање! Прокоцка минимум уште 20 години творештво. Ете толку можам да кажам пред да се збогувам со тебе, слично како што денес од тебе се збогуваше и оркестарот и хорот. Додека те испраќаа со  "Adagio" од Albinoni сите до еден плачеа, верувам малку од жал а повеќе од гнев и лутина кон тебе и твоето маестрално бекство, уметничко летање кон непознатата страна на животот.  Остана една роза од тебе на диригенскиот пулт за да ја означи таа непремостива празнина.


До гледање Саша. И знај, немаше смисла сето ова!

Friday, December 23, 2016

Говор на љубовта кон народот и татковината



Еве ме пак со нови брановити изблици на говор на омраза кон оние што се само за мразење и за ништо друго. А за нивното зло треба гласно да се говори. Па еве го тој говор, сам по себе суштествува како неминовсност. А зарем се очекувало од преживеаните од Аушвиц со симпатии и политичка коректност да им се обраќаат на логорските наци-службеници,  оние задолжените за одвртување на вентилите од гасовитиот цијано-водород? Не! Така и од мене не треба да барате зорле да си ставам влакна на јазикот, кога влакната ги имам одамна трајно издепилирано. Ве уверувам,  сто проценти е беспредметно  да се бара од мене да бидам нежна професорка, та да не ги навредувам оние што со умисла, при полуздрава свест и целосна пресметливост не трујат нас жителите на овој проклет град, Скопје.

Инаку, паторот денес не го таргетирам,  оти тој веќе има заквачено гускини- шаткини јајца за Коледе, та  не мислам дека треба да се бавам со таа отстрелана и искубана птица. Но затоа, копјето за  одговорноста за овој злочин ќе го зачукам точно во центарот на ќелавицата прошарана со 5-6  маслосани шпагети-алакарбонара на арпаџикот Коце.

Тој таканаречен градоначалник, градски гробар, градски штетник и стаорец од градската канализација, тој алхемичар на градските отрови и одгледувач на кобните ПМ10 честички, е токму тој Коце го гледам како апсолутен виновник за тоа што сме ние секој ден  сѐ поблиску до несреќата, тешките заболувања и смртта.  Таа мрачна  анахрона личност што ни ги изѕида бедемите на кич, ни ги насади спомениците на терор и смрт, токму тој е виновен за ова смртоносно загадување. Неговите гнасни рачиња, сесрдно потпомогнати од лигавите маши и пинцети, ги аминуваше смртоносните концентрации на отровите. Тој самиот не знае но и не сака да чуе како да го спаси градот од ова каталкизмично загадување со научни и аналитички методи! Неговата некадарност и незнаење не го прави Коцета да биде подобар од лудиот хемичар Џокер, којшто ќе го отруеше целиот Готам Сити, да не беше тука Бетмен.


Значи, кога мизерникот ќе ви каже дека загадувањето е од Бога предодредено и ништо не може да се направи, не му верувајте, проклетникот лаже!!!  Или толку му сече!?
Еве кои итни и вонредни мерки мене, која сум неука од областа аерозагадување, ми паднаа на памет дека мора да бидат преземени  поради енормното смртоносно аерозагадување на Скопје.

1. Да се воведе интервентен технички преглед  за-смог тест со пониско ниво на толеранција за сите возила постари од 10 години, и да се суспендираат од сообраќај загадувачите. Но, бидејќи  ова не е популистичка мерка, сељоначалникот на престојните локални избори може да изгуби гласови  од возачите на тешките к'рнтии, тој решил да не труе без око да му трепне. Партијата и профитот, пред животот на народот.  

2. Веднаш да се воведе системот пар-непар. Толку е едноставно и веќе испробано во рамките на СФРЈ. Еееее, ама ова сега се коси со тенденцијата за што поголема потрошувачка на гориво. Данокот од горивото ем ја пуни градската каса, ем државната, ем го обезбедува рекетот што неделно им го плаќаат нафтаџиите на ДПМНЕ.

3.  Да им се прати инспекција на познатите градски загадувачи. Да се постави постојан онлајн транспарентен  мониторинг на индустриските капацитети од градот, за да се покаже кој сесрдно ни ги копа гробовите. Да се затворат загадувачите додека не обезбедат европски стандарди за работа и за зачувување на околината.

4. Да се забрани употребата на најлонски ќеси. За производителите да се обезбедат  субвенции за пренамена во друга дејност. Ама и на оваа промена  не може да се смета, со оглед на тоа што бизнисот со ќесите да ти имал обрт од околу 2 милиона денари (или евра, сеедно) од кои гарант, преку познатото рекетарење,  огромни износи се враќаат  во тоа фашистичката партија ДПМНЕ. Парите од ќесите се насушни за корупција на домашни и европски парламентарци!

5. Да се затвори градот за нови жители, како што е сторено во Љубљана и Женева. Градот Скопје нема капацитет да се самопрочистува со овој обем на раст на жителите. Треба најитно да  престане изградбата на нови објекти за вдомување на растечката популалцијата од ДПМНЕ што сака да ги ужива погодностите на проектот Скопје 2014. Ама и ова нема да смее мизерникот да го направи зашто преку  просељачувањето на метрополата  се менува гласачката структура во корист на криминалната банда.  

6. Ова за догодина - да се направи  приватно-јавни партнерски претпријатија за рециклирање. Општината да се јави како партнер во дејноста која ем е уносна, ем ќе вработи голем број луѓе,  ем ќе ја чува нашата животна средина. Замислете, ова можеше да биде срцевината на проектот 2014, наместо сите кретенски висечки барокни столбови, умоболнички  канделабри и споменици на крволочните  терористи од срамното ни минато.

7. И ова за догодина - Скопје да се пошуми  максимално. Да се надомести повеќекратно  се што брутално испокасапија манијаците оболени од фобија од дрва. Имам непогрешиво чувство дека дрвата од градот беа немилосрдно потоморени заради  безбедноста на грдиот патор.  Паторот изгледа се имаше избербатено од страв некој да не се сокрие зад гранките и да не му изврши атентат без да го уснимат камерите. Ами како!!!

Конечно, знам дека арпаџикот којшто се стреми да стане кромид ќе си ги вметне овие предлози во програмата за локалните избори. Така и треба. Тоа го прави секој  "чесен" арпаџик. Посредниот убиец и трујач во конц-логорот Скопје можеше да биде нешто сосем спротивно  - грижлив градски ТАТКО. Само да сакаше.
   

 Ете, ова е мојот говор на љубовта кон народот и татковината.        

Saturday, December 3, 2016

Писмо до лидерите на опозиционите партии.

АЛАРМ ЗА МАКЕДОНИЈА !!! "ТАЈМАУТ ПРЕД ЦАЈТНОТ"

Драги лидери.

Ги видов резултатите од последните три анкети. Најрелевантна ми се виде онаа од РЕЈТИНГ.  Не знам колку успеавте вие да го видите тоа, како најповикани за иднината на Македонија во дадениов момент, но јас во овие бројки препознав амбис -опасност за целосно тонење на Македонија во бездна. Затоа апелирам,  ИТНО соберете се во кризен штаб и направите нов прагматичен план-исчекор за спас на државата. Во спротивно, ОДГОВОРНОСТА за поразот на Македонија ЌЕ БИДЕ ВАША. 

Лидери на СДСМ, Левица, Либерална Партија, Коалиција за Промени и Правда, ВМРО за Македонија! Веќе е цајтнот! Затоа, направете си тајмаут, та веднаш соберете се на купче за да колективно се свестете дека цензусот од Изборниот Законик е како создаден да ги голта живи и казнува суетните и неспособните ситнопартиски лидери, оние кои не умеат да влегуваат во динамични коалиции за спас на државата. Еднаш барем надминете ги личните и теснопартиските интереси за сметка на државните интереси. 



 Според бројките на "Рејтинг", здружените опозициони партии имаат точно 4% повеќе гласови отколку ДПМНЕ. Договорот за насочување на гласовите на малите опозициони партии кон СДСМ е единственото можно сценарио за ПОБЕДА над злото.

Погледнете го графиконот со два чивта очила, ве молам. Малите лидери мора да сфатат дека необезбедувањето повеќе од 5% гласови  во превод значи гласови за гнасното клептоманско злосторничко здружување -ДПМНЕ. Надминете се себе си, надминете ги разликите кои се, верувајте, минорни во однос на болното зло што не навјаса, па повикајте ги своите гласачи да го пренасочат својот глас кон коалицијата на СДСМ - ЗА СПАС НА ДРЖАВАТА!!!


Графиконот погоре го дава уделот на опозиционите партии во евентуалната здружена опозиција, која е единствениот можен начин да се победи проклетството од "ламјата со седумте глави и петте украдени милијарди". 

Раководството на СДСМ мора да покаже сензитивност кон судбината на бројките и цензусот, и да разбере дека во наредните 24 часа МОРА да ги повика партиските лидери на помалите опозициони партии за да ги убеди во потребата да ги заштити под своја капа (колку и да е накриво скроена во моментов) и да ја спаси Македонија.
После 11.12.16 одговорноста за егзодусот што ја чека земјава ќе биде ВАША И САМО ВАША!!! 

Со почит,
Мимоза Ристова
Граѓанка на Македонија




Thursday, August 4, 2016

Чипирани клонови - тестостеронски меснати вреќи за убивање



Ми текна

Деновиве во Крушево ми "кликна" прекидачот и ми "светна" сијалицата. 

Имено, овие две седмици тука се одвива Европско првенство во Змаеви и Параглајдери, па Мечкин Камен се популираше со голем број згодни и витки млади, средновачни, а богами, и повозрасни мажи од Западна и Источна Европа и од земјава. Едноставно, тоа се машки атлетски градени суштества, но со умерено развиена мускулна маса. Но, затоа, пак, на 1-ви и на 2-ри август на Гумиње се исцртаа дијаметрално спротивни портрети на една друга сорта. Во таксономијата на хуманоидите ова е, всушност, криминалната долна сорта на ДПМНЕ-овите чипирани клонови кои празните бричени глави ги носат на дебелите биволски вратови а расфрланите рамена и бицепси небаре секој момент спонтано ќе им се распрскаат, онака од чиста мира. 



И ете, ми текна, Миле! Оние биволи се, уствари фенотипот на меснати вреќи од хуманоидни машки организми кои се создадени со помош на Мијалковата владина хемиска машинерија. Таа фабричка линија сеуште по инерција си ја штанца истата фелерична стока во ДПМНЕ-овата "месна" индустрија. Тие мажи, всушност, се биолошки организми со истиот биоритам, истата исхрана и со истата идеологија. Покрај исхраната што им ја сервираат и продаваат преку фитнес центрите во кои се формираат нивните колосални месишта, тие да ти добивале и анаболици (стероиди). А стероидите не за бадијала се забранети хемикалии, зашто примателите стануваат агресивни. Со прекумерна и долготрајна употреба корисниците станувале машни за убивање.
Mike Tyson


Серија од убијци

Сетете се на Мајк Тајсон кој во еден бокс меч му го искина увото на спротивникот. Сетете се на Игор Спасов кој пред да го затворат носеше на себе стравична мускулна маса. Ако ги погледнете сликите, ќе најдете дека тој потоа во Шутка и Идризово делумно ги изгуби месиштата и пршутот. Да потсетам, тој е еден од обезбедувањето на Груевски кој го претепа до смрт голобрадото момче - Мартин Нешковски. Да ве потсетам на бодигардот на Мијалков, Ален Зекиров, кој исто така, најверојатно под сејство на хормоните што ги набилдуваат мажите како жбитци, добил слични пориви на агресија па со леснотија го прегази до смрт старецот што минувал со велосипед по пешачкиот премин на Партизанска. Конечно, и Урко е истиот фенотип на полициски "месни нарезак" кој интензивно си го билда телото. Тој како фитнес инструктор им помага и на другите од нивната сорта да се оформат на сличен начин. Ете, пред некој ден и тој усмрти послаб учесник во сообраќајот. 
Игор Спасов во Идризово со чоколадо со ориз.


Крушевските клонови

Конечно, не знам каде да ги сместам во оваа класа и оние клонирани - црномаицаши, за кои снимката од 1-ви август 2016 од црквата во Крушево ја отсликува таа кобна сличност во ментална рецесивност додека ја пеат песната во која се возвишува предавникот и убиецот Тодор Александров. Од нив, просто извира истата кретенистича идеологија. 
Ако исто изгледаат, исто се однесуваат, тогаш мора низ нивните крвни жили да тече истата опасна и непозната хемикалија. Но која ли е?

Потврда за мојот сомнеж 


Пред неколку месеци со Хелсиншкиот Комитет бев во мониторинг-мисија во менталната установа во Демирхисар. Таму забележав дека не само што сите штитеници се однесуваат пасивно, та и мажи и жени само стојат/лежат и гледаат бледо, туку си добиле и сличен изглед на андроиди: ни мажи ни жени, туку нешто усреднето. Лекарката ми рече дека сите го добиваат истото лекарство за супресија на нагонот за физичка и сексуална агресија. Со тој лек тие се мирни зашто ги губат доминантниот хормони. Мажите го губат тестостеронот, а жените естрогенот. Иста биохемија, ист физикус. Бинго! 

ДПМНЕ

Конечно, заклучувам дека криминалниот систем на владеење на ДПМНЕ ја создаде таа агресивна месна тестостеронска сорта. Со заминувањето од власт и улиците и пешаците очекувам да си го добијат својот мир. Следната власт треба строго да ги дефинира фитнес центрите и да ја ефектуира забраната за користењето на овие опасни материи кои нормалното  човечко битје го претвораат во убиствена вреќа од биволско месиште.