Monday, April 18, 2016

Последниот телефонски повик на диктаторот

(објавено во ОКНО пред една цела година - 22.04.2015)
Не беше тоа некој бункер, да речеш, туку најобичен стан во една голема станбена зграда со многу соседи. Диктаторот седеше на фотељата во дневната со кренати нозе на табутерката. Сѐ уште се немаше слечено  по враќањето дома. Откако бегло ги провери сите соби во станот, обезбедувањето тивко излезе. Немаше никого. Тој остана потполно сам во големата бела одаја со прозорците низ кои зјапаше гладната темница. Темницата веќе беше вкоренета во него како некоја мрачна глад што се готви да го проголта својот креатор. Си ги погледна светнатите чевли на нозете што тоа попладне штедро ги изгланца службеничката задолжена за облеките на премиерот.

Мама да ме види со кондури истопорен на табуретка, гарант ќе ми акне 2-3 шамари”, измумла, повеќе за себе отколку за празните одаи, во кои гласно ечеше страшната самотна тишина на која тој постепено си се привикнуваше.
Жена му и дечињата веќе некое време ги немаше во овој убаво декориран простор. Ги немаше двете мали главчиња да ѕирнат во дневаната соба во своите шарени пижамчиња. Го немаше ни кученцето кое редовно ги следеше своите малечки друшки. Сѐ чинеше како нивното отсуство многу да не го засегнуваа. И онака, додека сите беа тука, тој скоро секогаш вешто ги избегнуваше обидите за гушкање со своите дробни нежни потомчиња. Диктаторот не знаеше да изгушка мало дете бидејќи тоа не беше запишано во неговиот емотивен код – тој самиот не беше изгушкано дете. Татко му си замина уште во неговото најрано детство зашто изгледа го убедиле дека друг е авторот на неговото сопствено дете - дсегашниот диктатор. И онака не личеше на него, ама воопшто. А и крвните групи не се погодија за да може така лесно да се подметне едно кукавичко јајце под туѓи топли пердуви. Откако се прежени, таткото на диктаторот го запостави своето "првородено" за сметка на новороденото. 

Диктаторот никогаш не си разјасни себе си, зошто татко му го отфрлил? Мајка му, од друга страна, уште пред разводот беше неврамнотежена во хормоните, психата и во либидото. Нејзиното психичко здравје до темел се разниша додека беше на печалба во северна Африка. Таму таа повторно се вљуби, но, на крајот повторно ништо не излезе од таа нејзината погубна нестабилност. Сите тие години мајчината љубовџиска несреќа ја преживуваше целото семејство.  Грижата за кутрото машко дете, сегашниот диктатор, ја имаа преземено неговата баба по мајка, а подоцна и вујкото на диктаторот. 

Инаку, неговата мајка многу често се однесуваше како вистински ѕвер кон својот син-единец. Постојано го навредуваше со погрдни зборови, а не ретко го шамараше за сѐ и сешто, и без причина и со причина. Некогаш и поради калта на чевлите или, пак, за крвавите  колена. Таа жена го маваше сосптвеното дете дури и тогаш кога му беше најпотребна топла мајчинска прегратка, како мевлем против болката. Наместо да го утеши, таа ѕверски го маваше по главата.  Му велеше  ќе те скцам, како сол, ќе те скцам ак си ми дојдел сос крвави колена. Понекогаш дури и превентивно го маваше со лесни удари по главата, за да сослуша со внимание што му се зборува. Но сега, не беше ни важно сето тоа. Таа сега беше добра со него. Сега тие беа сојузници кои војуваат на истата страна од фронтот. Заедно ги тепаа неговите жени, и првата и втората. Првата имала среќа, па се спасила навреме, но втората, ах таа втотара! Таа продолжително и редовно си го јадеше ќотекот од двоецот мајка-син. Кутрата, не смееше ни да писне за тоа, ни да признае некому. Диктаторот и се закани дека ќе ја најдат фрлена од ендек, во карпите на кањонот на Матка. “Верувај, никој нема да дознае нити да верува, дека не си се самоубила”, и се закануваше во кавгите.

Како и да е, неговата мајка дури последниве 10 години стана добар негувачки родител на својот 40 годишен син. Мајчината добрина посебно дојде до израз откако тој купи 4 стана, и тоа сите на нејзино име. Тој ѝ покажа дека умее да биде добар син, без да го бранува и онака тешкиот мајчин живот.  Таа сега заслужила да одмори. Таа треба да биде среќна и задоволна. Никој друг не беше битен. Заминувањето на жена му со децата и кучето не предизвикаа болка, тага или носталгија, туку само гнев и желба за освета.
Ако ја снема оваа пачавра, кој ќе ги чува дечињата?го прашуваше мајката диктаторот.
Мајка  ѝ татко ѝ! Но, јас ќе ја сотрам, ама понатаму. Не сега”, ѝ ветуваше тој на својата мајка. Тој си завети уште одамна дека нема да дозволи никој да го напушта. Кој ќе го напушти тој, богами, има со глава да плати. Имаше тој свои иновации за скротување на своите блиски и соработниците. Така ги измисли и мениците за пратениците во Собранието. Тој што ќе го напушти, тој ќе изгуби се. Буквално се. Дури и главата ако треба, а не само слободата.  
  
Флешбековите од опустошеното детство му беа сосем ретки. Повеќето сеќавања му беа потиснати и закопани длабоко во бледилото и магловитоста на потсвеста. Покрај телесната дисхармонија, одењето како мал патор, тој имаше и говорни мани за кои никој не му помогна. Беше заложник на негрижата на мајка му и жртва на непостоењето на никаков интерес кај татко му. Тоа дете никогаш и никој не го одведе на логопед. Логопедите дури и во она време можеа со 100% успех да му го решат проблемот. Ќе имаше барем еден недостаток помалку, и тоа само со месец дена работа. Го оставија да израсне со неправилниот говор и со дистинктното шушкање по непцата. Неправилното изговарање на повеќе согласки често му  создаваше ситуации на потсмев во суровиот свет на децата од тоа време. Понатаму, мајката немаше такт, а всушност се правдаше дека нема време, да го носи на логопед бидејќи наводно многу одела по лекари поради срчениот шум. А шумот, пак, никој не знаеше дали беше вроден или го имаше заработено од серијата бактериски инфекции на грлото и неизлекуваните стрептококи. Оваа болест во него создаде дополнителни фрустрации. Со грубост и жестина го караа кога тој ќе почнеше да трча во играта со братучедите од вујко му, кои беа блиски по возраст.  
Како и да е, мајка му не дојде ноќва да преспие кај напуштениот и осамен диктатор. Ја имаше стегнато малце срцето од глупостите што ги пуштаа оние ѓаволски независни медиуми, па си остана дома според советот на славниот кардиолог. Диктаторот гледаше тапо во огромниот телевизор.  
Ќе ми плати тој мене”, си помисли и изусти низ лепливата плунка на згрчените усти. Со динамит ќе му срушам сѐ што има”, се закани со омраза кон телевизорот. Токму во тој момент еден од неговите медиумски  платеници го прозиваше претходниот претседател да се јави и да земе  став за случувањата со аферата на прислушувањето.
Море ќе го снема во енедек овој гад, или камион ќе ги удри заедно со неговион фластер”. Гледаше во сликата на бившиот претседател со жолч но, истовремено со една чудна набиена сексуална фасцинација. Гледаше во ликот на политичкиотсоперник” со јанѕа и болка на лисица која не може да досегне до слаткото грозје, па го прогласува за кисело. Беше опседнат со него. Истовремено, тој патолошки го мразеше бидејќи тој беше сѐ она што тој не може да биде. Tукa xомосексуалноста, како во повеќето случаи ја содржеше основната компонента на нарцисизмот. Затоа, секогаш машките од хомосексуални двојки си прилегаат како јајце на јајце еден на друг.  Така, додека диктаторот беше во љубов со еден министер од соседството тие и двајцата си прилегаа како јајце на јајце. Имаа слични костуми, фризури, телесна става, чевли. Но, во случајот со опсесијата со бившиот претседател, огледалото на нарцисот несреќно се кршеше на најситни парчиња. Не можеше никако да се види себе си во неговиот обожуван лик, колку и да настојуваше, колку и да ги вежбаше своите популистички говори. Многу нешта недостигаа за да се прероди во негов репликант. Наеднаш му севна низ мозокот дека слични чувства на гнев од невозвратената љубов имаше и кога дозна дека љубениот доктор, оној кој го напушти и си најде друг, поубав и помлад љубовник, исто така доктор. Образованието му беше дополнителна фрустрација. Не можеше да се натпреварува со интелектот, младоста и привлчноста на новиот млад доктор, па реши да се освети како и секој диктатор, со старозаветна библиска освета – го фрли во зандана својот бивш љубовник, чим се устоличи за премиер. Ќе видиш ти, стоко една, кого си напуштил! А јас наскоро ќе докторирам. Ќе објавам и 3-4 трудови со импакт фактор. Во Америка ќе ми ги направат експерти. Ќе видиш ти кој сум јас!”  Се сети и на готвачот, но тој не беше на негово ниво. Ниту професор нит министер, ниту бивш претседател, па него го преболе за неколку месеци.  
Како и да е, аферата за неговото прислушкување на десетици илјади граѓани земаше се поголем замав. Веќе од сите страни беше сардисан од неповолните дипломатски изјави. Дипломатите во најмала рака од него бараа оставка. Но, тие барањата беа завиени во обландата на флоскулата формирање на техничка или преодна влада. Сега, кога беше на работ да има сѐ што немал a сонувал да има, и куќа во населбата на богатите комуњари, и милиони евра во сефови во странски банки, и шуми кои може да ги сече колку сака, токму сега, сите го малтретираат. А колку само ќеш му истурија во сефот во странската банка неговите најблиски и најпослушни соработници од бизнис секторот.    
Зазвоне мобилниот. Тоа беше мобилниот од левиот џеб од палтото. Се штрекна. Ова беше оној повик од кој се плашеше. Повикот за крај ... или за нов почеток.
Кажи што има”, изговори пелтечливо, откако го виде бугарскиот број на дисплејот. Притоа зема воздух помеѓу зборовите кажии што.  
Коридор база-Брест. Излегувај веднаш. Кацига на глава и кожна јакна. Те земаат со мотор, ја издаде наредбата гласот на неговиот прв братучед.
Ама, не сум доспакуван, изговори диктаторот, без да помисли.
Симнувај се веднаш без ствари, будало! Не ти треба ништо. Таму ќе имаш сѐ!нареди братучедот.
Диктаторот наеднаш почуствува дека е сам самцат со гладната темницата што самиот ја создаде. Остана да гледа уште некое време во ајфонот во тешка недоумица. Не можеше никако  да се сети на инструкциите за следниот свој потег. Што ли требаше сега да направи? Долго, долго, долго остана стаписано загледан во дисплејот што го покажуваше крајот на последниот повик. Тој повик ниту една тајна служба го немаше снимено. Освен можеби, само една.  


(Овој расказ е фикција. Секоја сличност со настани и личности од реалниот свет е сосем случајна. Жими очи)